-->
-->
Рекордна добивка од 220 милиони евра освоена на лотарија во Франција
-->
Рекордна добивка од 220 милиони евра вчера е освоена во Франција на лотаријата Евромилион што е најголема добивка досега освоена во Европа, јави дописникот на МИА.Среќниот добитник или добитничка сега имаат шеесет дена да се пријават во француската лотарија и да ја земат својата добивка, што е најголемиот џек пот во историјата на европската лотарија од нејзиното создавање во 2004 година.
Тој или таа ја играа победничката комбинација 21, 26, 31, 34, 49, и дополнителните броеви 2 и 5. Претходниот супер џекпот падна во Швајцарија. Тоа беше добивка од 210 милиони евра на 26 февруари 2021 година. Во Франција, последниот рекорд датира од декември 2020 година. Играч од Јужна Франција тогаш освои 200 милиони евра ставени во игра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
-

Градоначалникот на Делчево првата плата ја донираше на највредниот комунален работник | ВИДЕО
