Рекорд: Сер Дејвид Атенборо собра милион следачи за помалку од пет часа
Познатиот британски водител и љубител на природата, Дејвид Атенборо за пет часа стигна до милион следачи на Инстаграм. Со тоа, тој го урна рекордот на глумицата Џенифер Анистон.
Имено, сер Дејвид Атенборо (94), кој се вклучи на Инстаграм во четвртокот, ги собра првите милион следачи во првите четири часа и 44 минути. Анистон тоа го направи за пет часа и 16 минути во октомври минатата година.
– Континентите горат, глечерите се топат, коралните гребени умираат, рибите исчезнуваат од нашите океани… Тој список продолжува. Но, знаеме што треба да се направи за тоа. Во следните недели, ќе објавам пораки за да објаснам кои се проблемите и како можеме да ги решиме, вели тој натаму.
Со Инстаграм-профилот управуваат продуцентите на неговиот неодамнешен филм „Животот на нашата планета“, кој ќе почне да се прикажува во кината следната недела.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска