Регионален ресурсен центар за слепи и слабовидни лица во Битола
Здружението на слепи лица-Битола со поддршка на локалната самоуправа ќе отвори Регионален ресурсен центар за слепи и слабовидни лица.
Според проектот, регионалниот ресурсен центар сместен во урбаната заедница „Коле Лачето“ во Битола, ќе биде во функција на сите слепи и слабовидни лица со целосно или делумно оштетен вид од регионот, но и за членови на други здруженија за лица со инвалидност.
- Реализацијата на идејата се одвива фазно, формирана е посебна меѓуопштинска комисија во која се застапени претставници од здружението на слепи лица и претставници на општините Битола, Демир Хисар, Ресен, Могила и Новаци. За непречена работа на ресурсниот центар обезбедена е поддршка од УНДП, Министерството за труд и социјална политика, а општините ќе издвојуваат средства од буџетот планиран за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации, истакна Стевче Костадиновски, претседател на Здружение на слепи лица-Битола.
Од здружението на слепи лица-Битола информираат дека Регионалниот ресурсен центар ќе располага со аудио книги, компјутерска опрема, специјално возило за превоз на слепи и слабовидни лица, но и на лица со телесен инвалидитет бидејќи ќе биде отворено за сите членови на здруженијата со што ќе се обезбеди поголема инклузивност во заедницата.
Ново на Сител
-
Панел дискусија: Корупцијата во Македонија го попречува патот кон ЕУ
-
Народниот правобранител апелира најитно да се донесе ново законско решение за „балансерот“
-
Трговците ќе мора да ги ажурираат цените на интернет секое утро до 10 часот
-
Кои државни институции го полнат буџетот?
-
Туризмот, образованието и инфрастуктурата - фокус на соработка со Обединетите Арапски Емирати
-
Преглед на вестите од светот
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ