Редукции на водата за пиење во Неготино

Редукции на водата за пиење воведе Јавното претпријатие „Комуналец" од Неготино, поради енормно зголемената потрошувачка, како последица на високите летни температури.
- Ноќните редукции се задолжителни и траат од 23 часот навечер до околу 5 часот изутрина. Во тоа време резервоарите за вода се полнат за да има вода во текот на денот. Зависно од дневната потрошувачка, можна е и дневна редукција во периодот од 12 до 15 часот, информираше денеска директорката Наташа Лазова.
Таа нагласи дека во моментов од регионалниот водовод Лукар, Неготино добива 76 литри во секунда вода за пиење.
- Таа вода е доволно за неготинци. Но проблемот се појавува поради несовесниот однос на поединци кои нерационално ја трошат водата за пиење, иако градот располага и со технолошка вода за наводнување на дворните површини, рече Лазова.
Апелираше до неготинци совесно да се однесуваат со водата за пиење, која се носи педестина километри од планината Кожуф, за да ја има во доволни количини за сите.
Ново на Сител
-

Андоновски: Очекуваме до следната година Македонија да добие бесплатен роаминг во ЕУ
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика
-

Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на договорот влада со влада
-

Се заканува ли епидемија од сметот во Скопје?
-

Само еден глас пресуди да станат градоначалници
-

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници, има апсолутно мнозинство во локалната власт
-

Мециновиќ бара јавен дуел
-

Камиони, пари, станови и земјиште – замрзнат e имот на бизнисменот Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“
