Реакција од „Бигорскиот манастир“ за прикажаната маска со Исус на Вевчанскиот карневал
Бигорскиот манастир бара јавно извинување од организаторите и учесниците на Вевчанскиот карневал од, според нив, непристојноста и богохулното исмевање на Господ, Бог и Спасителот наш Исус Христос и на сечесниот крст, како и превенирање на слични случувања во иднина.
Реакцијата доаѓа по прикажаната маска на традиционалниот Вевчански карневал вчера кога продефилираа маски со ликот на Исус Христос, распнат на светиот крст, кој беше направен од гајби од пиво.
- Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани, стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација, според Бигорското братство, е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд.
- По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Свети Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар, посочуваат од Бигорскиот манастир.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите