Македонија
4. July 2024 - 16:36

Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата

Стана пракса амбасадорите  да се мешаат во внатрешните работи  на државата, но ако имаат подобр решение за судството нека понудат – премиерот Христијан Мицкоски подготвен да разговара за решение како да станат функционални Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Откако најави нивно распуштање, Мицкоски порачува дека довербата на граѓаните во судските органи мора да се биде вратена.

Премиерот е согласен дека вината треба да има име и презиме, па повика на заедничко лоцирање на одговорните.

Ваквиот став на Мицкоски следува откако дел од амбасадорите во земјава, реагираа дека неговите најави за распуштање на овие судски институции ќе значат и мешање на надлежностите. Евроабасадорот Гир директно му забележа дека доколку биде спроведена ваквата најава, тоа ќе предизвика сериозна загриженост во Брисел.

Дека неопходни се реформи и промени алармира и американската амбасадорка Агелер според која довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска. Повика да се почитуваат законите и да се даде отпор н а политичките притисоци.

Од Судскиот Совет пак бараат одговорноста за бројните превирања, незаконски разрешувања за кои интервенираше и оценската мисија, да се бара индивидуално, а не колективно.