Македонија
4. July 2024 - 21:16

Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно

Малку бистро, а повеќе матно.. Ваков е распоредот на настани со сомнеж за корупција кои на месечно ниво ги евидентира барометарот на Транспаренси интернешнл.. Минатиот месец, на списокот бистри има два настани, а во матно се најдоа дури пет.. На врвот е спрегата меѓу Агенцијата за филм и друштвото на филмски работници за која информираше министерството за култура.. Цели седум години за парите на Агенцијата за филм одлучувале исти лица кои имале деловни врски до Друштвото на филмски работници.. Биле направени најмалку десетина злоупотреби кои го оштетиле државцниот буџет..

„Она што Транспаренси редовно го зборува, во делот на измените на КЗ за делата за злоуппотреба на службена положба и овластување, еве сега се согледува и во овој случај, бидејќи зборуваме за 7 години наназад, а со новите измени се она што е над 5 години веќе застарува. Така што најверојатно и овај случај нема да го види светлото на денот„, изјави

Матен настан за транспаренси е уште застарувањето на 80тина предмети за функционери кои не поднеле анкентни листови.. За сите предметите биле отворени пред три години, но ниту еден од нив не добил разрешница па така функционерите избегнале да платат и глоба..

Со назнака матно според Транспаренси се закити и одлуката на екс министерот за здравство кој во време на избори ги разреши директорите на Токсикологија и кардиохирургија..

„За тие да се префрлат од матни во бистри потребни се судски пресуди. Потребни се гонења, потребни се постапки. Значи потребно е процесуирање на овие настани. Сакаме да ги повикаме институциите, пред се обвинителството да сите овие случаи, не само овој барометар на корупција, туку и во други барометри на корупција, ги сфатат многу серозно и поведат постапка“

Во листата матни настани во јули се запиша и анкета на Стопанската комора кој открила дека централната и локалната власт барале мито од компаниите.. Се барал и процент ако учествувале на тендер..