Балкан
25. April 2021 - 21:18

Рама води на изборите во Албанија

Владејачката Социјалистичка партија води по гласањето на парламентарните избори во Албанија на кои освои 46,9 отсто од гласовите, покажа излезната анкета на телевизијата „Топ ченл“.

Излезните анкети покажуваат дека опозициската Демократска партија се наоѓа на второто место со 43,5 отсто од гласовите, додека Социјалистичкото движење за интеграции освои 6,9 отсто.

Во Албанија денеска се одржаа парламентарни избори на кои 3,6 гласачи, вклучувајќи и голем број на иселеници бираа 140 пратеници меѓу кандидатите на 12 политички партии.

Албанците на изборите одлучуваа дали ќе дадат доверба за Еди Рама како премиер повторно или на лидерот на опозицијата Љуљзим Баша.

На изборите во Албанија за прв пат учествуваше и една албанска партија од Косово – движењето „Самоопределување“ на Албин Курти.