Путин: Украина во контраофанзивата изгуби над 90.000 војници
Путин: Украинците изгубија 90.000 војници од почетокот на контраофанзивата.
Украина загуби повеќе од 90.000 војници од почетокот на нејзината контраофанзива на почетокот на јуни, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Путин, исто така, рече дека украинските сили изгубиле 557 тенкови и околу 1.900 оклопни возила во контраофанзивата. Овие тврдења не се независно потврдени.
Тој го изјави ова за време на говорот на состанокот на клубот Валдај во руското црноморско одморалиште Сочи. Тој повтори дека е „сигурен“ дека Русија ќе ги постигне своите цели во Украина, додавајќи дека нејзината мисија е да ја „денацифицираат“ Украина.
Рускиот претседател тврди дека инвазијата на Украина е „специјална воена операција“ чија цел е борба против нацистите во Украина.
Ново на Сител
-
Урсула Фон дер Лајен на средби со македонскиот државен врв
-
Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си
-
Власта цврсто дека нема предвремени избори, СДСМ вели: Знаат дека губат гласови
-
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица за политичкото рекламирање
-
Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје
-
Локални избори
-
Неврологот Игор Кузмановски ќе плати казна од 500 евра бидејќи работел без лиценца
-
Со млаки радијатори почна грејната сезона во Скопје