Loading Video...
Свет
15. October 2025 - 16:31

Преглед на вестите од светот

Заканата од Русија, поддршката за Украина, воените трошоци и развојот на европските одбранбени канапацитети,беа главните  теми на денешнот состанок  на министрите за одбрна на НАТО и ЕУ  во Брисел на кој присутуваше и макеоднскиот министер за одбрана Владо Мисајловски. Американскиот министер за одбрана, ги повика сојузницте во НАТо повеке да вложуваат во прогрмаата   Пурл, преку која се финансисра набавкаа на оружје за Украина.

- И ако има нешто што научивме под претседателот Трамп, тоа е активната примена на мирот преку сила. Мир добивате кога сте силни, а не кога користите силни зборови или мавтате со прст. Го добивате кога имате силни и реални способности што противниците ги почитуваат , изјави Пит Хегсет, министер за одрбана на САД

Првиот човек на НАТО соопшти дека веќе се обезбедени две милијарди долари, иако е тоа е помалку од очекуваните 3,5 милијарди долари.  Во петок Зеленски ќе има средба со Трамп во Вашингтон  а според најавите ке бара оружје со долг дострел  и дополнителна  поддршка од САД  за зашиттиа на украинската електроенергетска и гасна инфраструктура, која во последните месеци често е цел на руски напади.   

Францускиот премиер Себастијан Лкорну доби клучна поддршка од Социјалистичката партија во Националното собрание на Франција, што значително ги подобри шансите за опстанок на неговата нова влада, која в четврток ќе се соочи со гласања за недоверба, Социјалистите, кои имаат влијание во Долниот дом на парламентот, изјавија дека нема да гласаат за уривање на Лекорну, откако тој  вчера ја суспендираше  контроверзната пензиска реформа на претседателот  Макрон, со што се одложува планираното зголемување на возраста за пензионирање на 64 години до јануари 2028 година,– услов за нивната поддршка.

Денес, постои десничарска влада и левичарска опозиција, но се согласивме да почнеме да работиме на буџетот и тоа да го правиме без гласање за цензура (на владата) утре, од едноставна причина: ни треба буџет и имаме гаранција за добра волја од премиерот, бидејќи тој се согласи да ја суспендира пензиската реформа до 1 јануари 2028 година. Значи, дотогаш ќе имаме претседателски избори што ќе го одредат конечниот исход од пензиската реформа.“ првиот секретар на социјалистичката партија и пратеник во парламентот, Оливје Фор, 

Лекорну ќе се соочи со две иницијативи за недоверба – една од крајно левичарската „Непокорена Франција“ и друга од крајно десничарската „Национален фронт“. Двете партии немаат доволно пратеници за сами да ја урнат владата на Лекорну, но премиерот може брзо да биде симнат ако социјалистите и други левичарски партии се здружат со нив.

Израел се закани  дека ќе го преполови количеството хуманитарна помош за Газа, од договорените 600 на 300 камиони дневно, и ќе го одложи отворањето на клучниот граничен премин Рафах со Египет. поради доцнењето во враќањето на телата на заложниците од страна на Хамас.  Досега предаде  само седум од 28 тела.  Во меѓувреме, Хамас соопшти  дека во текот ан денешѓнит ден ќе ги предаде телата на уште четворица заложници на Израел.  Од Хамас се бара да го исполни својот дел од договорот и да ги вложи потребните напори за враќање на сите заложници“, соопшти израелската војска.