-->
-->
Пукотници во центарот на Барселона, неколкумина повредени
-->

Неколку лица се ранети во пукотници во туристичката улица во Барселона, „Ла Рамбла“, а полицијата трага по две вооружени лица.
Како што јавува „Ла Вангардија“, најмалку едно лице се здобило со „тешки повреди“.
Неофицијално, двете вооружени лица се во бегство, а до пукотниците дошло пред хотелот „Силкен“ околу 15.10 часот по локално време.
Весникот „Мундо“ пренесува дека полицијата трага по еден напаѓач во централниот шпански кварт Суитат Вела.
Според првичните информации, на пукотниците и претходел обид за грабеж на еден странски турист. Инцидентот го воочиле полицајци и му пришле на крадецот и на жртвата, но тогаш дошло до размена на оган.
Полицијата поради пукотниците затворила една продавница за облека на „Ла Рамбла“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новата цена на струјата ќе се знае наскоро, Владата ќе ја утврдува на затворена седница
-

Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала
-

Почнуваат 16-те денови на активизам против насилството врз жените
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
