Првата средба Тилерсон - Лавров може да се случи овој месец во Германија
Русија е подготвена да направи прв контакт со американскиот државен секретар Рекс Тилеросн и ја разгледува можноста состанокот да се случи во текот на февруари.
Според неименувани извори во руското министерство за надворешни работи двете можни локации за средба меѓу шефовите на диполматиите на Русија и САД се Бон или Минхен, јавуваат германските медиуми. Во главниот град на Баварија од 17 до 19 месецов ќе се одржи Минхенската безбедносна конференција, на која рускиот миниситер за надворешни работи Сергеј Лавров веќе го потврдил учеството, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
По именувањето на Телерсон, кој е добитник на руски државен орден, за државен секретар на САД, неговиот колега Лавров го опиша како прагматичен лидер со кого може да се води конструктивен дијалог.
Ново на Сител
-
Уште три дена кампања, лидерите ја заоструваат реториката
-
Ѓорѓиевски најави повеќе мерки за подобрување на образовниот процес
-
Шукова најавува инфраструктурни проекти во Општина Бутел
-
Булингот се повеќе присутен помеѓу учениците
-
Жените земјоделки: Нашето земјоделство е пациент кој што го лечеа многу лекари, но никој не ја погоди точната дијагноза
-
Занаетчиството во криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, Ранковце и Крива Паланка