Прв годишен форум за квалитет во високото образование во Скопје

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје денеска ќе се одржи Првиот годишен форум за квалитет во високото образование на којшто е најавено обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-Форумот е организиран со цел споделување на досегашните активности на Универзитетот за имплементирање нов систем за следење на квалитет и постигнувања во доменот на обезбедување и унапредување на квалитетот, согласно со националните стандарди и стандардите на Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA), информира УКИМ во најавата за форумот.
УКИМ потенцира дека особено значајна компонента на форумот е продлабочувањето на соработката меѓу академската и бизнис-заедницата, со цел создавање поусогласен и релевантен образовен систем.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
-

По сообраќајка на Бит Пазар, физичка пресметка со остар предмет, а потоа истрели од оружје
