Протести во Грција против приватизацијата на двете најголеми пристаништа
Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера пристаништните работници кои протестираа во центарот на Атина против продажбата на пристаништето Пиреја на кинеската компанија Коско. Договорот за приватизација беше потпишан денеска, јави агенцијата АНА - МПА.
За време на протестите припадници на единицата за борба против безредија беа распоредени во центарот на грчката престолнина и ги спречија демонстрантите да го пробијат полицискиот кордон.
Пристаништата во Грција денеска се затворени поради 24-часовен штрајк кој го организираа гранковите синдикати во земјата.
Протести имаше и во Солун, каде пристанишните работници демонстрираа против претстојната приватизација на компанијата која управува со Солунското пристаниште.
„Одлучни сме да ја водиме битката до крај за да го зачуваме јавниот карактер на пристаништата“, се наведува во соопштението на пристанишните работници.
Ново на Сител
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот