Протест против доаѓањето на Вучиќ и Додик во Тирана, „Самоопределување“ се судри со полицијата
Движењето „Самоопределување“ за Албанија, вечерва на плоштадот „Народни херои“ протестира против доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на босанските Срби Милорад Додик во Тирана.
Во обидот да го пробијат полицискиот кордон и да продолжат кон хотелот „Шератон“ каде што се сместени учесниците на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, при што, според некои медиуми, има полесно повредени.
Учесниците во протестот ја обвинија полицијата дека „е на страна со Србите“ и извкуваа „Вучиќ и Додик надвор од Албанија“.
Полицијата ги демантира тврдењата на претставниците на движењето „Самоопределување“ дека добиле дозвола за одржување на протестот.
Српскиот претседател Вучиќ се уште не е пристигнат во Тирана, додека Додик по пристигнувањето кусо изјави дека „не го импресионирале протестите на кои се прогласува за непожелна личност во Албанија“.
Ново на Сител
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени