Пронајдени се црните кутии на авионот кој се урна во Белгородската област
На местото на падот на рускиот транспортен авион „Ил-76“ во Белгород, кој на размена превезувал 65 украински затвореници се пронајдени црни кутии, а тие се во добра состојба, изјави претставник на локалната брза помош, јавуваат руските медиуми.
Откриени се и двете црни кутии – уред за снимање параметри на летот и диктафон, рекол претставникот, истакнувајќи дека црните кутии се наоѓаат во задниот дел на авионот и веќе се предадени на истражителите.
Поради падот на рускиот воен транспортен авион „Ил-76“ со 65 украински затвореници, шест руски членови на екипажот и тројца придружници, за денеска во 17 часот по њујоршко време е закажан состанок на Советот за безбедност на ОН, бидејќи претходно, според зборовите на првиот заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации од страна на Дмитриј Полјански, Франција, која претседава со Советот за безбедност на ОН, вчера го одбила барањето на Москва за свикување на седницата.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков не ја коментираше можноста за продолжување на размената на затвореници меѓу Русија и Украина.
Ново на Сител
-

Доделени клучеви за вселување во типските куќи во Штип
-

Општина Ново Село започнува проект за дигитализација на сите општински услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Предлог-буџетот утре на амандмантска расправа
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
