Промовирана брошурата „Мисли на пазар-не само на субвенции“
Пред кумановските земјоделци, денеска беше промовирана брошурата „Мисли на пазар-не само на субвенции“ која е издадена во рамките на проектот „Коалција за правични и транспаретни политики“ што го спроведува „Рурална Колација“ од Куманово во соработка со партнерските организации „Агрокултура“ од Ликовово, „Мрежа на млади фармери“ од село Мешеишта, Дебарца и Здружението на земјоделски производители „Агросојуз“ од Василево.
Брошурата содржи информации за структурата на производните трошоци на цената на чинење на доматите, грозјето и пченицата.
Брошурата, информираше Мендух Нухија од „Агрокултура“ Липково, дава насоки во кој правец да се ориентираат земјоделците со цел оставрување повисок профит од продажба на производите.
- Земјоделците не треба целосно да се потпрат на субвенциите, туку превенствено на својот труд и пронаоѓање пазари на кои заеднички ќе можат да ги пласираат производите, изјави Нухија. Додаде дека во Македонија има ограничен пазар на кој се пласираат производите и дека е потребен пристап до нови пазари, размена на информации и знаења што ќе ја зголеми продуктивноста и економичноста кај земјоделците.
Проектот овозможува земјоделците да се произнесат за своите потреби и заеднички да настапат пред институциите и јавноста.
- Целта на оваа тркалезна маса е да се информираат земјоделците за пронаоѓање пазари на кои можат да ги пласираат прозиводите, изјави Ива Магловска од „Рурална Коалција“.
Според неа, целта на проектот е подобрување на условите на економска конкурентност преку јавни и траснпараптено спроведување на јавни политки со фокус на пазарот и градење на заеднички настап на партнерските здруженија. Преку спроведување на проектот се планира креирање платформа за соработка и солидарност која на крајот од проектот во јуни годинава ќе ја потпишат дваесетина здруженија и кооперативи што, според Магловска, ќе биде основа за почитување на поставените точки од засегантите страни во секторот за земјоделство
Проектот „Коалција за правични и транспаретни политики“ се реализира преку Проектот на УСАИД за граѓанско општество, поддржан од Фондацијата отворено општество Македонија.
Ново на Сител
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија
-
Поранешните директори осудени по 1,5 година затвор за пожарот во модуларната болница
-
Сè поголем број ментални заболувања кај младата популација, посета на психолог и психијатар сè уште табу тема
-
Вкупно 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење
-
Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди
-
Следува период на претежно стабилно време, до понеделник пониски утрински температури