-->
-->
Промоција на нови книги од едицијата „Македонски дејци“
-->

Во Музејот на македонската борба денеска ќе бидат промовирани нови монографии од едицијата „Македонски дејци“, проект на Филозофскиот факултет од Скопје, поддржан од Министерството за образование и наука.
На промовирањето на новите изданија е најавено присуство на заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Проектот „Македонски дејци“ почна да се реализира во 2013 година по повод одбележувањето 120 години од основањето на Македонската револуционерна организација.
Книгите во едицијата се посветени на личности од македонската историја кои од разни причини останале помалку познати за јавноста. Целта на проектот е да се расветли делото, придонесот и стремежот на некои македонски дејци за македонска држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
