Македонија
25. October 2025 - 19:54

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Попладнево во Скопје почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз (63), по неколкудневна хоспитализација и интензивно лекување во приватна болница во Скопје. 

Тој беше активен во политичкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на македонските телевизии.

Роден и пораснат во скопски Чаир, Јонуз секогаш се залагаше за искрен соживот и реален просперитет на Македонија.

Погребот на Агим Јонуз ќе биде утре на гробиштата во Бутел.

Ново на Сител