Промоција на македонски вина во Амстердам
Претставници од девет винарии од Македонија денеска во Амстердам одржуваат бизнис средби со увозни компании од „ХОРЕКА“, како и новинари од Холандија, дел од промотивните настани за македонско вино што ги организира Здружението „Вина од Македонија „ВоМ“.
Следува учество на македоните винарии на Саемот за вино ProWine во Шангај каде осум винарии ќе се претстават пред кинеската професионaлна публика од 11 до 13 овој месец, соопшти денеска Здружението „ВоМ“.
На 29-ти минатиот месец македонското вино беше промовираше и во Копенхаген, Данска, каде во соработка со Invest Macedonia и Амбасадата на РМ во Данска, „ВоМ“ организираше преставување на македонските компании и на овој пазар. На бизнис средбите македонските винарии се сретнаа со над 100 заинтересирани компании. На промотивните настани во Холандија и во Данска им претходеа посети во Македонија на новинари од овие земји на почеток на септември годинава кои пишуваа за македонските винарии и вино.
Во тек на минатиот месец се одржаа промоции на македонски визби и во Париз, Њујорк, Чикаго и Стокхолм.
На промотивните настани ВоМ организираше семинари за македонското вино со цел подобро запознавање на професионалната публика во овие земји со потенцијалите на нашето вино, со посебно внимание на сортата „Вранец“. На промотивните настани учествуваа винариите: „Тиквеш“, „Стоби“, „Бовин“, „Камник“, „Далвина“, „Езимит“, „Попов“, „Попова Кула“, „Сопот“ и „Имако“.
Настаните се финансиски поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, согласно програмата за поддршка на извозот на македонски производи, од холандската Агенција за поддршка на извозот на земјите во развој ЦБИ, како и од винарии членки на „Вина од Македонија“, со помош на македонските амбасади.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче
-
Васил Јованов кој ја прегази Фросина повторно пред суд, овој пат за трговија со дрога
-
Партиските полицајци под лупа на внатрешната контрола
-
Мицкоски: Османи закова шајки во македонскиот идентитет, но не се откажуваме
-
Македонија и Унгарија со засилена воена соработка
-
Дали ДПА е на чекор до влез во Владата? Премиерот не потврдува
-
Владата додели национални признанија на 19 спортисти за врвни достигнувања во спортот