Промоција на џебниот туристички водич за Скопје, Охрид и Битола
Првиот број на најпознатиот европски туристички водич „In your pocket“ за Скопје, Охрид и Битола ќе биде промовиран денеска.
Водичот во јуни годинава беше испечатен во 20.000 примероци и се дистрибуираше на повеќе локации низ градовите.
Освен во печатена форма, „In your pocket“ може да се користи и како телефонска апликација, но и на интернет, преку веб страницата https://www.inyourpocket.com/skopje.
„In your pocket“ е меѓународен бренд на водичи и мапи за странски туристи во 22 држави и преку 250 града. Им служи на туристите за откривање на убавините на земјата и за максимално користење на угостителските и други капацитети кои се на располагање.
На промоцијата, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и од Министерството за економија.
Вториот број „In your pocket“ се очекува до крајот на годинава.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?