Македонија
3. December 2025 - 16:47

Повеќе од 200 компании се вмрежуваа на бизнис форумот Македонија-Србија

Посилна патна, железничка и енергетска инфраструктура која ќе ги поврзе двете земји и ќе овозможи поголема соработка на бизнисите. Во услови кога се менува геополитичката слика во светот а  технологијата се развива со голема брзина за Македонија и Србија е стратешки важно вложувањето во брзата пруга по коридорот 10 и  гасоводното поврзувањето преку интерконекторот. Ова се пораките кои лидерите на стопанските комори ги испратија на македонско- српскиот бизнис форум во Скопје на кој присуствуваа 214 компании. 

За бизнисмените примарно е државите да водат ревносна битка со корупцијата со цел бизнисите посилно да се развиваат. 

Македонија и Србија имаат иста амбиција, регионот да биде стабилен,предвидлив и посакуван за инвестирање порача вицепремиерката на Србија. Соработката на компаниите од двете земји може овозможува поголем развој но и полесно пробивање на глобалниот пазар. Износот од 1,2 милјарди евра странски инвестиции е потврда дека државата е атрактивна и доверлива за инвестиции порача македонскиот вицепремиер на Владата.

Двете земји веќе постигнаа договор за проширување на граничниот премин Табановце кој ќе обезбеди побрз проток на стоки, услуги но и движењето на граѓаните. Вицепремиерите разговарале и за зелениот картон кој треба да важи за двете држави и како да ја забрзаат реализацијата на инфраструктурните проекти. Потпишаа 5 годишен меморандум за продлабочување на соработката, со кој ќе се унапреди комуникацијата на институциите и приватниот сектор.