Проект „Заштита на личните податоци и медиумите“

Во ЕУ Инфо центарот денеска ќе се одржи тркалезната маса на тема „Медиумската свест и практика за правото на заштита на личните податоци и слободниот пристап до информации во Република Македонија“.
Тркалезната маса е наменета за медиумските работници и дел од проектот „Заштита на личните податоци и медиумите“ финансиран од ИПА ТАИБ 2012 програмата на ЕУ со поддршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Предвидено е да се обратат раководителот на Одделот за оперативни работи во Делегацијата на ЕУ Јаромир Левичек, генералниот секретар во Дирекцијата за заштита на личните податоци Игор Кузевски, лидерот на проектот Наташа Пирц Мусар, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, претседателот на Советот за етика во медиумите на Македонија, Драган Антоновски и Љубица Пендароска, експерт во полето на заштитата на лични податоци и медиумите.
Ново на Сител
-

ЕСМ ќе ѝ продава поскапа струја на ЕВН за околу 5%
-

Ѓорѓиевски: Целосно нормализирање на процесите со Комунална хигиена на пролет
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Апасиев ја закажа комисијата за трагедијата во Кочани, очекува присуство на Гаши, Мицкоски и Сиљановска
-

Повредените во „Пулс“ полека се враќаат во нормала
-

Moзаичната мапа пред охриѓани
-

45 евра казна за возачите без зимска опрема
-

Преглед на вестите од светот
