Приведени тројца турски државјани за криумчарење мигрант

Полицискли службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица синоќа околу 22:00 часот во близина на гевгелиското село Богородица ги лишиле од слобода М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицајците претходно забележале како во близина на граничната линија со Република Грција се движат патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.А.К., а сопатник бил У.Б., и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, кое го управувал С.У.
-Исто така, забележано е и едно лице мигрант кое илегално ја преминало државната граница и кое потоа влегло во возилото „бмв“. По преземени мерки возилата се сопрени и лицата се лишени од слобода, додека мигрантот е спроведен во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, информира МВР.
Посочува дека по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА
Ново на Сител
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
