Македонија
23. April 2022 - 16:53

Приведени двајца млади крадци за издржување затворски казни

На 23.04.2022 полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Р.(25), со живеалиште во Скопје, и С.Р.(25) од Скопје.

Притоа, Р.Р. се барал за издржување на казна затвор од 3 години за извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236, додека С.Р. за издржување на затворска казна во времетраење од 2 години во врска со кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Двете лица се приведени во полициска станица и ќе бидат спроведени во казнено-поправна установа за издржување на казните.