Приведени двајца крадци, расчистени повеќе кривични дела извршени во радовишко

На 09.01.2023 во 11.45 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Радовиш го лишиле од слобода М.Ј.(19) од Штип. Тој се сомничи дека во текот на 2022 година извршил повеќе кривични дела тешки кражби и кражби на подрачје на Радовиш.
Истиот ден во 13.50 часот во Радовиш, полициски службеници го лишиле од слобода и Ч.Ш.(21) од Радовиш, кој се сомничи дека му помагал на М.Ј. во вршење на делата, прикривајќи ги предметите кои М.Ј. ги одземал при вршење на делата.
Со двајцата биле извршени службени разговори во полициска станица, а биле пронајдени и предметите кои биле одземени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Во тутунскиот комбинат во Прилеп започна предвремениот откуп на тутунот
-

Еден универзитет за сите членки на Европската алијанса на универзитети
-

Преглед на вестите од светот
-

Шефот на германската дипломатија пристигна во Скопје на средба со министерот Муцунски
-

Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-

Студентите можат да аплицираат за ваучер од 250 евра за нов компјутер
-

Утре почнува судењето за “Пулс” - едно од најкомплицираните судења во македонската историја
-

Надзорна расправа за Кочани: Власта го прифати барањето на опозицијата уште пред да биде поднесено
