Преглед на вестите од светот
Руски беспилотни летала погодија станбени згради во Харков, при што беа повредени 32 лица, меѓу кои и две деца, предизвикувајќи пожари и принудувајќи десетици жители да ги напуштат своите домови, соопштија регионалните власти.
Според прелиминарните информации, руските сили лансирале 19 беспилотни летала во текот на ноќта. Шестмина од повредените се хоспитализирани. Едно беспилотно летало погодило во близина на медицинска установа, повредувајќи еден лекар и оштетувајќи ја зградата и блиските автомобили. Пожарникарите од Харков се бореа со огромен пожар во станбена зграда во Харков.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Саудиска Арабија се согласила да инвестира 600 милијарди долари во САД.
Мохамед бин Салман саудискиот престолонаследник на средбата во Белата куќа вети дека саудиската инвестиција во САД ќе биде зголемена до еден трилион долари. Тие разговараа и за состојбата во Газа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Турција во како дел од обидот за оживување на разговорите со Русија за тоа како да се стави крај на војната во Украина. Тој додаде дека планира да разговара со турскиот претседател Ердоган во текот на денешниот ден како да се донесе „праведен мир“ во Украина.
Русија нема да испрати претставници на претстојните разговори за Украина во Турција, изјави во вторник портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Турција беше место за разговори меѓу украинските и руските претставници но тие не успеаја да доведат до крај на борбите. Според извештаите на медиумите, специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, исто така, ќе учествува на состанокот.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
