Приведени двајца Албанци при транспорт на дрога во вредност од околу 10 илјади евра
Денеска (06.01.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, лишени од слобода се А.Н.(64) и Ф.Т.(56), двајцата државјани на Република Албанија, соопшти МВР.
- Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од СВР Тетово и сообраќајната полиција од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на наплатна станица Тетово, сопреле патничко возило „мерцедес“ со албанска национална ознака, управувано од А.Н., во кое сопатник бил Ф.Т.. Поради постоење на сомнение дека со возилото се пренесува дрога во координација со Мобилен тим од Царинската управа извршен е претрес на возилото, при што е употребено и царинско куче, пишуваат од МВР.
Како што информираат од МВР, при претресот, во резервна гума во багажниот простор на возилото пронајдени се три пакувања со марихуана, во количина од околу три килограми со вкупна вредност од 10 илјади евра. Лицата се приведени во полициска станица и од страна на СВР Тетово по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово.
Ново на Сител
-
Приведени двајца крадци од Велес, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката
-
Кривичен определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија
-
Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова
-
Приведен кавадарчанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-
Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија, во странство остануваат хоспитализирани 33 пациенти
-
Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“
-
Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ може да ја уништи унгарската економија и да донесе војна
-
Приведен 29-годишник од Грција на Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства