Пристигна помошта од Бугарија за настраданите во поплавите
Хуманитарна помош од Република Бугарија за настраданите во поплавите во скопскиот и тетовскиот регион денеска и беше предадена на Дирекцијата за заштита и спасување.
Помошта се состои од вода, електро-материјали, средства за дезинфекција, монтажни кревети, шатори, детски пелени, медицински материјал и други средства. Донацијата е вредна околу 120.000 лева, а од Црвениот крст на Бугарија пристигна и тим од тројца луѓе.
- Бугарија уште еднаш го потврдува пријателството со Македонија во поглед на материјално-технички средства и опрема кои денеска со три шлепери се донесени во нашата држава. Се работи за пумпи за извлекување вода, агрегати, лопати, вреќи за спиење, креветчиња, шатори, многу средства за дезинфекција и неколку тони вода, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
Тој упати благодарност до Амбасадата на Бугарија во Македонија и до бугарската Влада за се што прави за загрозените подрачја во Скопје.
- Бугарија беше првата држава која пристигна, веднаш по несреќата со две цистерни за испумпување вода и со човечки ресурси, со 15-тина лица кои беа упатени да помогнат во најпогодените места. Беше присутен и директорот за вонредна состојба Никола Николов и останати структури, рече Салиу.
Бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата и до сите оние кои настрадаа.
- Република Македонија е наша најблиска и најпријателска држава. Наша чест и долг е да помогнеме...Ние сме тука да помогнеме и да не се случуваат повеќе вакви нешта, порача Петков.
Ново на Сител
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни