Свет
22. April 2025 - 18:56

Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека имал разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Разговорот, според Трамп, се однесувал на повеќе теми, меѓу кои Иран и трговијата, објави Тајмс оф Израел.

„Разговорот мина одлично. Се согласуваме по сите прашања“, истакна Трамп по разговорот со Нетанјаху.