Превирања околу реформите во СДСМ

Политичка бура по тврдењето на Љубомир Фрчкоски дека поранешниот претседател Стево Пендаровски мешетари во СДСМ. Во гостување во емисијата Во Центар, поранешниот амбасадор во Обединетите нации и универзитетски професор рече дека дел од поранешните функционери, меѓу кои и Пендаровски, но и ексминистерот Оливер Спасовски и поранешниот градоначалник Петре Шилегов, влијаат врз состојбите во партијата и создаваат внатрепартиски тензии.
Фрчкоски оцени дека во моменталното раководство се дозволува роварање од луѓе блиски до фракцијата на Заев, но и дека нема реална опасност за лидерот Венко Филипче, кој, според него, ќе ја добие шансата да ја консолидира партијата.
На ваквите обвинувања реагираше поранешниот претседател Стево Пендаровски, кој на својот профил на Фејсбук напиша дека никогаш во својата 30-годишна кариера не мешетарел во политиката.
„Никогаш не сум мешетарел како многу други во чии кариери нема ништо друго освен заткулисни маневри и кафеанско озборување. Изјавата на Фрчковски е целосно одлепена од реалноста и фактите”, напиша Пендаровски.
Според него, ваквите тврдења се резултат на политички суети и неточни информации што, како што вели, некои луѓе ги добиваат од сомнителни извори.
Паралелно со оваа расправија, ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција дека СДСМ е во сериозна криза по изборниот дебакл и дека новиот лидер Венко Филипче не успева да формира ново раководство.
Во меѓувреме, СДСМ молчи за изјавите, додека јавноста шпекулира дали оваа внатрепартиска расправија ќе донесе нови потреси на политичката сцена.
Ново на Сител
-

Мицкоски за злоупотребите со ИПАРД: Има да одговараат од еден до последен
-

Државниот обвинител го повика Ѓорѓиевски да ги пријави злоупотребите во јавните претпријатија
-

Вреди не отстапува на местото на Изет Меџити да дојдат двајца нови министри
-

Во притвор мајката што го претепа 6-месечно бебе - За него ќе се грижи згрижувачко семејство
-

Застрелан ловџија во Конче, друг ловџија пукал во него од небрежност
-

Следната недела почнува судењето за „Пулс“, 15 обвинители ќе го водат предметот
-

Фетаи: Криминал, ДКСК и правосудство се најитните проблеми на кои треба да работиме
-

Мицкоски со најава за нови инвестиции
