Премиера на филмот „Збор„ во киното „Мис Стон“
Во киното „Мис Стон“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер во 19 часот премиерно ќе биде прикажан филмот „Збор“ на „СД Продукција“, снимен по сценарио и во режија на Слободан Деспотовски и со поддршка на Агенцијата за филм на РМ и Македонската радиотелевизија.
- Филмот раскажува приказна за двајца пријатели: Горди – кој го почитува законот и кој сака да се обезбеди за староста што доаѓа но и да ја обезбеди иднината на неговата ќерка Александра, и Арно – некогашен легионер, човек без вера ни закон. Приказната открива дека Горди не го почитува законот и дека Арно, сепак, има еден закон – дадениот збор, кој ќе го почитува на свој, крвав, начин, информираат од ЦК „Марко Цепенков“.
Во актерската екипа се Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Велјановски...
Ново на Сител
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза
-
20 години ОМД
-
Идеологија, солидарност или пари – што ги тера да се борат македонците во Украина и Русија?