Пожар во расадникот во Кисела Вода | ВИДЕО
Попладнево изби пожар во расадникот во скопска Кисела Вода. Како што кажа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојаче Ангелов, пожарот се шири на сите страни, но во моментов нема опасност за околните објекти.
„Имаме шумски пожар среде град. Горат дрвја, грмушки и трева. Пожарот има зафатено голема површина, се шири во сите насоки. На лице место има една екипа од скопската Пожарна, ќе пристигнат и други. Проблемот е тоа што пожарот се шири во круг на сите страна. Нема потреба од паника иако се шири густ час, пожарникарите работат на терен“, рече Ангелов.
Во близина на пожарот кој брзо се прошири и зафати голема површина, на неполни 30-на метри има згради, како и паркинг со многу коли. Набргу откако изби пожарот снема и струја во зградите близу расадникот.
Расадникот во Кисела Вода е најголемата и последна зелена површина од тој размер која е на само 2 километра од центарот на Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица