Пожар се приближи до мавзолејот на Његош на Ловќен, спасени куќите во Крашиќи
Веќе неколку дена на Ловќен беснеат пожари, а утринава ситуацијата стана критична бидејќи огнот се приближи и до мавзолејот на Петар Петровиќ Његош, јави Хина.
Шефот на противпожарната служба од Цетиње, Предраг Моштрокол, изјави дека во помош е пристигната и војската, како и колеги од Подгорица и Будва.
Според него, доколку не се засили ветрот пожарот ќе се гаси и со авиони и хеликоптери на Министерство за внатрешни работи.
Огнот се проширил долж целата планина и се движи кон Ивановите Корита и Његушице.
Во Подгорица се активни три пожари, потврди шефот на Службата за заштита и спасување, Андрија Чаѓеновиќ.
Пожарникарите од Тиват и Котор од пожар ги спасија куќите на крајниот западен дел од Крашиќи. Напредувајќи низ сувата ниска вегетација, огнот се доближил на околу 50 метри од куќите, но правовремено биле развлечени таканаречени пожарникарски пруги низ шумата над Крашиќи и пожарот бил „пресечен“, пренесе Хина.
На теренот над Крашиќи биле излезени околу 50 пожарникари со девет возила.
Ново на Сител
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ