-->
-->
Повредите на Карачиќ и Дибиров не се сериозни - ќе може да играат против Рајн Некар
-->
Откако на вчерашниот меч против Кристијанштад, двајцата ракометари на Вардар Тимур Дибиров и Игор Карачиќ заработија повреди, денеска од клубот информираат дека тие не се од посериозен карактер и дека двајцата ќе бидат во комбинација за следниот меч против Рајн Некар в сабота .
Од клубот соопштија дека по извршените лекарски прегледи Дибиров и Карачиќ, утврдено е дека нема посериозна повреда и двајцата ќе конкурираат за место во тимот за в сабота. Тие веднаш почнаа со рехабилитација и специјални третмани. Ќе имаат 3-4 дена мирување без голем напор, а потоа се приклучуваат на подготовките на екипата. Двајцата утре нема да бидат во тимот што ќе го игра натпреварот од СЕХА лигата со Спартак во Суботица, туку веднаш по неделниот меч во Шведска се вратија во Скопје.
По враќањето на тренинзите ќе се утврди колку се подготвени за натпреварот со Рајн Некар. Средниот бек Игор Карачиќ доби удар во коленото во 40 минута од натпреварот во Кристијанштад, по што почувствува силна болка и се појави хематом на коленото. Тимур Дибиров исто така во второто полувреме имаше еден незгоден доскок од крило, па и тој мораше да излезе до игра.
Натпреварот од 4.коло меѓу Вардар и Рајн Некар, на програмата е во сабота во СЦ Јане Сандански во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии