Повредениот полицаец во сообраќајката кај обиколницата е пуштен дома
Еден од полицајците што настрадаа во вчерашната сообраќајка кај скопската обиколница за време на сообраќајна контрола е пуштен на домашно лекување. Како што информирал за МИА раководителот на Ургентниот хирушки центар, д-р Алберт Леши, другиот полицаец синоќа им подлегнал на повредите. Возачот на легитимираното возило, во кое удрил камионот, пак, е на интензивна нега, но се наоѓа во стабилна состојба.
Во сообраќајката учествувале патничко возило „БМВ“, полициско возило и камион, при што на лице место загина совозачот на автомобилот. Несреќата, според МВР, се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола на брзината на движење на возилата, го запрел автомобилот „БМВ“. Во тој момент, камион „МАН“ удрил во „БМВ, по што тоа удрило во полициското возило и се запалило.
Ново на Сител
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем