Повеќе лица се повредени во сообраќајка откако комбе-автобус се превртел на патот Струмица-Валандово
Повеќе лица се полесно повредени во сообраќајка откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“.
Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека несреќата се случила денеска околу 06:20 часот.
- Околу 06:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со полесни повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и јавен обвинител од ОЈО Струмица, изјави Трајанова.
Според информациите од струмичкото обвинителство, во комбе-автобусот се превезувале 25 лица, од кои 11 се полесно повредени и се пренесени за укажување помош во болницата.
Од струмичката болница засега не можат да го потврдат точниот број на примени, повредени и задржани патници на лекување, бидејќи сè уште траат испитувањата и дополнително ќе ја соопштат точната бројка.
Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин до 08:45 часот, а по извршениот увид повторно е нормализиран.
Ново на Сител
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски: Нема преговори со Мерко за поддршка во Струга, тој е на црна листа
-

Уште 5 дена од кампањата за вториот круг, кандидатите за градоначалници и денеска на терен
-

Петар Јанков и официјално ја презеде градоначалничката функција
-

11 месеци затвор за таткото кој нападна малолетни фудбалери на натпревар во Штип
-

МВР ја заокружи летната сезона на апсење пиромани: Поднесени се пријави за 45 лица во врска со пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски демантира дека Рамиз Мерко влегува во Владата
