Порошенко предложи закон за мирно решавање на конфликтот во Донбас
Претседателот на Украина, Петро Порошенко денеска до Врховната Рада поднесе законски предлог насловен како „Закон за создавање на услови за мирно решавање на состојбата во отцепените Донењецка и Луганска област“, се наведува на сајтот на украинскиот Парламент.
Во суштина, Предлог-законот го проширува за една година посебниот статус на двата региони во Донбас, кои ќе добијат „специјален поредок на локалната самоуправа“.
Предлогот предвидува и распоредување на мировни сили на ОН во регионите, кои се под контрола од проруските сепаратисти.
Во документот се наведува посветеноста на Украина кон мирното решавање на конфликотот „врз основа на принципите на меѓународното право и Статутот на ОН“.
Предлог-законот, што го поднесе Порошенко, е од итен карактер и подлежи на приоритетно разгледување од страна на парламентарната комисија и членовите на Врховната Рада, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен на 15 октомври во Скопје
-
Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока
-
Засилување на вакцинацијата со МРП за да не дојде до епидемија – синхронизација на 12 закони во здравството
-
Преглед на вестите од светот
-
Се санираат штетите од вчерашниот дефект во Влае кој го остави Скопје без вода
-
СДСМ денеска во Илинден, Петровец, Карпош и Центар
-
ВМРО ДПМНЕ денеска во Македонски Брод и Кичево
-
Османи најавува проекти за развој на спортот во Чаир