Loading Video...
Свет
6. October 2025 - 12:51

Преглед на вестите од светот

Египет ќе биде домаќин на делегации на Израел и Хамас денеска за да разговараат за „теренските услови и детали“ за размена на „сите израелски притвореници и палестински затвореници“ според неодамнешниот предлог на САД за прекин на огнот во Газа, соопшти египетското Министерство за надворешни работи во саботата.

Постои надеж дека дискусиите ќе помогнат „да се стави крај на војната.  Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата изрази надеж дека сите израелски заложници што се држат во Газа би можеле да бидат ослободени во рок од неколку дена. Тој очекува тоа да се случи за празникот Сукот. Еврејски празник што трае една недела, започнува во понеделник навечер.

Хамас објави во петокот дека го прифатил предлогот од 20 точки во принцип и е подготвен да започне разговори со посредство, одговор што беше широко поздравен од меѓународната заедница, која ги повика двете страни да ја искористат шансата да ја завршат војната и да ги ублажат страдањата на цивилите.

Планот предвидува договор за прекин на огнот, постепено повлекување на Израел, демилитаризирана Газа и меѓународен надзор врз реконструкцијата и управувањето со Газа по завршувањето на конфликтот. Хамас ќе биде исклучен од структурата на управување.

Израел треба запре воените дејствија и ќе се повлече на договорените линии. Хамас, во рок од 72 часа откако Израел јавно ќе го прифати договорот, мора да ги ослободи сите заложници, живи и починати. За возврат, Израел ќе ослободи 250 доживотни затвореници плус 1.700 жители на Газа кои беа притворени по 7 октомври 2023 година. Разоружените членови на Хамас кои се посветени на мирен соживот ќе добијат амнестија, а оние кои сакаат да ја напуштат Газа ќе добијат безбеден премин до земјите-приматели.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека палестинската милитантна група Хамас ќе се соочи со „целосно уништување“ ако го одбие неговиот план и не ја предаде власта и контролата врз Газа.

Тој вели дека наскоро ќе се знае дали Хамас е навистина посветен на мирот и се надева дека неговиот предлог за прекин на огнот ќе стане реалност и нагласи дека работи напорно за да го постигне тоа.

Околу 1.000 луѓе се заглавени во камповите на источната падина на Монт Еверест во Тибет поради снежна бура што ги блокираше патиштата и во тек е акција за нивно спасување. Локални жители и спасувачи се мобилизирани за да го расчистат снегот и да обезбедат пристап до областа, која се наоѓа на надморска височина од над 4.900 метри.  Во меѓувреме, од другата страна на границата во Непал, поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави што ги блокираа патиштата, урнаа повеќе мостовите и однесоа најмалку 47 жовечки животи.