Преглед на вестите од светот
Францускиот премиер Себастијан Лекорну изненадувачки поднесе оствака, само еден ден откако го претстави својот кабинет. Престедателот Макрон ја прифати неговата оствака, објави Елисејската Палата. Пред оставката, главните опзициските партии се заканија дека ќе ја соборат владата.
Не им се допадна составот на владиниот тим, кој во голема мера остана непроменет во однос на претходниот кабинет на Франсоа Бајру. Лекорну беше премиер само 26 дена.
„Условите не беа исполнети за да продолжам како премиер. Политичките партии продолжуваат да заземаат став како сите да имаат апсолутно мнозинство во Националното собрание. И на крајот, се најдов во ситуација каде што бев подготвен за компромис, но секоја политичка партија сака другата партија да ја усвои целата нејзина програма. Ова важи за партиите понекогаш од центристичкиот блок, а важи и за опозицијата, рече Себастијан Лекорну, француски премиер во заминување.
Претседателот Макрон има три опции, да назначи нов премиер по шести пат во само две години, да распише предвремени парламентари избори или да поднесе оствака. Неуспехот на претходните пет премиери покажува колку е тешка задачата, бидејќи Макрон нема сопствено мнозинство во парламентот.
Опозициските партии го повикаа Макрон да поднесе оставка или да распише предвремени парламентарни избори, велејќи дека нема друг излез од политчката криза. Француската влада, без разлика кој ја води, мора да најде решение за да ја зачува кредитната способност на земјата и да го поттикне слабиот економски раст, предупредуваа економските аналитичари.
Нова рунда индиректни разговори помеѓу Израел и Хамас се одржува во египеското одморалиште Шарм ел Шеик, со цел спроведување на мировниот план на Трамп за Појасот Газа. Израелската делегација е предводена од министерот за стратешки прашања Рон Дермер а на чело на делегацијата на Хамас е Калил ал Хаја, кого Израел се обиде да го убие во Катар минатиот месец.
Разговорите се одвиваат со посредство на Египет, Катар и САД. Хамас во петокот се согласи со делови од планот на Трамп - да ги ослободи и предаде сите израелски заложници, да се откаже од контролата врз Појасот Газа и да ја предаде администрацијата на политичко независно палестинско тело.
За разорожувањето на Хамас и за изарелското побвлекување од енклавата, групата побара преговори. Трамп изјави дека разговорите брзо напредуваат и дека очекува резулатати во наредните неколку дена.
-Имавме неколку многу добри состаноци. Земјите од светот, искрено, многу од земјите околу Израел, муслиманските, арапските и многу други имаа одлични состаноци со Хамас. И се чини дека функционира. Работиме многу брзо. Мислам дека ќе помине многу брзо. Состаноците се чини дека се многу добри. Ќе дознаеме. Наскоро ќе ве известиме.“
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар