Поранешниот чешки премиер Нечас нема дополнително да биде сослушан во случајот на злоупотреба на Военото разузнавање
Надлежниот Окружен суд во Прага денеска, во случајот за злоупотреба на Военото разузнавање, го отфрли предлогот на адвокатите на одбраната да го повикаат уште еднаш да сведочи поранешниот премиер Петр Нечас, јави дописникот на МИА од Прага.
Судиката Хелена Кралова образложи дека нема потреба од дополнителни докази и за време на завршните зборови на одбраната и Обвинителството ја исклучи јавноста, односно новинарите.
Во овој случај, тројца вработени во чешкото Воено разузнавање и поранешната соработничка и љубовница на Нечас, Јана Нагиова сега Нечасова се обвинети за незаконско следење на поранешната сопруга на Нечас, кој тогаш беше премиер.
На Нагиова Нечасова и на останатите обвинети им се заканува казна затвор од околу три и пол години.
Претходно за време на судскиот процес беа објавени тајните приватни телефонски разговори и пораки на Нечас и неговата соработничка, со образложение дека од нив може да се добие сознание колку било големо нејзиното влијание врз тогашниот претседател на чешката Влада.
Ново на Сител
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври