Попова: Доколку ја примате руската вакцина – два месеца без алкохол
Оние кои ќе ја примат руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот ќе мораат да се воздржат од алкохол два месеци, изјави шефицата на руската Служба за заштита и надзор на потрошувачите „Роспотребнадзор“, Ана Попова.
-Консумирањето алкохол мора да престане најмалку две недели пред имунизацијата, а оние кои ќе ја примат првата доза мораат да се воздржат од алкохол во наредните 42 дена, рече Попова за Радио Космолскаја правда.
Попова, исто така, ги советува граѓаните да не пушат пред и по вакцинацијата, предупредувајќи дека чадот од тутунот ги иритира белите дробови и го намалува имунолошкиот одговор.
Како што пренесува „Москва тајмс“, по предупредувањето на Попова, шефот на државниот истражувачки центар „Гамалеја“, што ја разви вакцината „Спутник V“, Александар Гинсберг, рече дека и покрај тоа што не треба да се пие алкохол пред и по вакцинирањето, „една чаша шампањ никогаш никому не му наштетила“.
Кампањата за вакцинација на Русија почна викендов во Москва, а досега се проценува дека околу 100.000 Руси ја примиле „Спутник V“, вклучувајќи ги учесниците во истражувањето и припадниците на војската.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко