Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
Лекари физиотерапевти од Египет, Бразил, Гана и Мексико, дел од интернационалниот тим за ургентна медицина од Велика Британија, 6 недели обучуваа свои колеги и медицински персонал за рехабилитација на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Ова е сертифициран тим од доктори специјализирани за тренинг рехабилитација на пациенти со изгореници.
-Обезбедивме 20 сесии за едукација, како во Кочани, така и во Скопје, каде се одржаа тренингот и обуката и се надеваме дека со завршување на курсот кој го овозможиме, колегите имаат стекнато клучни знаења и вештини, што ќе помогнат понатаму во третманот на овие пациенти, изјави д-р Хуан.
Стекнатото знаење ќе придонесе за подобра грижа и нега, спречување на онеспособеност и коморбидитет кај пациентите.
-Обуката беше интензивна и на неа присуствуваа доктори физијатри од Клиничка болница – Штип и болницата во Кочани, физиотерапевти, медицински сестри, хирурзи и инструментарки, изјави д-р Никола Костадинов, физикална терапија, КБ-Штип.
Наскоро, стручен тим на Психолошкиот центар Алтернатива – Групација Алтернатива започнува со групни разговори – работилници за справување со траума и загуба и за ментално зајакнување, наменети за млади, семејства и професионалци, директно или индиректно погодени од трагичниот настан во Кочани.
Работилниците се целосно бесплатни и доверливи, со цел да се обезбеди сигурно и безбедно место за младите во Кочани, коишто се борат со емоциите.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар