Македонија
11. May 2025 - 16:27

Син со секира го уби својот татко

48-годишен маж во кичевското село Србјани, со секира во семејната куќа ги нападнал своите родители, при што го усмртил таткото а неговата мајка е во неконтактибилна состојба.

Сторителот сам се пријавил во полиција.

Дознаваме дека станува збор за нефункционално семејство со бројни караници и нарушувања на мирот во домот.

48 годишното лице е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.