Полицијата во Германија во состојба на зголемена приправност по закани за напади на карневалите

Германската полиција соопшти дека е во состојба на зголемена приправност во пресрет на традиционалните карневали оваа и следната недела, откако социјални мрежи поврзани со терористите на Исламската држава (ИД) повикаа на напади врз учесниците на прославите во Келн и Нирнберг.
Според германскиот весник „Билд“, пропагандна страница на германски јазик поврзана со Исламска држава (ИД) објавила компјутерски генериран колаж со порака „Избери ја својата следна мета“, при што се наведени датумите и локациите на карневалските настани. Во колажот, кој содржи и крвав нож со хаштаг што повикува на „колење“, како потенцијална мета се споменува и фестивалот на љубовта во холандскиот Ротердам на почетокот на март.
Полицијата во Келн соопшти дека ги прилагодува оперативните планови во согласност со заканите, но нагласи дека ваквите објави може да имаат за цел само застрашување и вознемирување, без да претставуваат конкретна опасност.
Повеќе од 1.400 полицајци ќе бидат распоредени на познатите собирни места, а безбедносните мерки ќе вклучуваат проверки на торби и посетители, соопшти полицијата. Карневалските прослави, кои траат една недела и почнуваат утре, се особено популарни во Рајнската област, вклучувајќи ги Келн и Дизелдорф, каде што следниот понеделник ќе се одржи традиционалната „Розенмонтаг“ парада со десетици илјади учесници во сатирични костими.
Организаторите на карневалот во Нирнберг соопштија дека Меѓународната карневалска парада, која беше означена како потенцијална мета во објавата на ИД, е откажана од безбедносни причини.
Полицијата во Нирнберг потврди дека е запознаена со заканите од ИД и дека државните безбедносни служби ги проценуваат ризиците, додавајќи дека во моментов нема конкретни индиции за непосреден напад.
Во изминатите години, Германија беше погодена од неколку терористички напади извршени со возила или ножеви, во кои загинаа повеќе лица.
Ново на Сител
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
-

Градоначалникот на Делчево првата плата ја донираше на највредниот комунален работник | ВИДЕО
-

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат
-

За два денари поскапува дизелот
-

Кривична пријава за скопјанец, не обезбедил услови за работа, двајца повредени работници
-

Трамп одликуван со највисокиот орден за заслуги во Јужна Кореја
