Полицајци ги советуваа возачите за практики во зимски сообраќајни услови

На излезот од Тетово кон Гостивар полицајци од СВР Тетово денеска на возачите им делеа летоци со информации како и што треба да практикуваат во зимски сообраќајни услови.
Овие превентивни активности се во рамки на кампањата „Голомразицата и снегот предизвици за учесниците во сообраќајот - биди одговорен возач и користи зимска опрема“.
- Овој вид информации и совети се споделувани и во непосредни разговори со возачи, со посветено внимание на законската обврска за користење зимска опрема до 15 март годинава и на предвидените импликации за непочитување на оваа обврска со парична глоба од 45 евра во денарска противвредност. Возачите, исто така, беа советувани и навреме да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да внимаваат и да ја приспособат брзината во вечерните и раните утрински часови, пред сè ако патуваат кон Попова Шапка, Стража или Маврово, но и воопшто, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.

Денешната активност e заедничка организација на МВР, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје.
Ново на Сител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
-

Села го напушти Ахмети – пратениците ќе делувале како независни
-

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
-

Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓоргиевски соопшти дека го пронашле сторителот
