Поднесен обвинителен акт за сообраќајката кај Трговскиот центар „Зебра“
Скопското јавно обвинителство ја заврши истрагата за сообраќајната несреќа во која минатиот месец животот го загуби Сузана Тодоровска-Павловска, новинар во Македонското радио, и до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Според наодите добиени од спроведените дејствија, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетиот во состојба на пијанство под дејство на алкохол (1,52 промили во крвта и 2,42 промили во урина) и наркотични средства – канабис, го управувал своето возило „опел корса“ со брзина од 83 км/час при што загубил контрола и удрил во Тодоровска Павловска.
- Во исто време со обвинителниот акт, Основното јавно обвинителство Скопје стави и посебен Предлог за продолжување на мерката „притвор“, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора