Почнува инклузивниот проект „Креираме заедно“

Скопски филмски фестивал, во партнерство со Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје, годинава почнува со инклузивниот проект „Креираме заедно“.
Проектот се имплементира со поддршка од Европската унија, како дел од програмата „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, а е кофинансиран и спроведен од страна на УНИЦЕФ.
Ги вклучува учениците од инклузивните основни училишта од Скопје, Тетово и Струмица, кои ќе проговорат за своите проблеми и потреби, преку работилници за фотографија, видео-клип и ликовно решение за плакат за програмата на Скопски филмски фестивал. На почетокот на работилниците, ќе бидат одржани и обуки за детски права.
Работилниците во Струмица ќе се одржат од 13 до 15 февруари и ќе содржат работни групи за фотографија и видео клип, а во текот на месецов ќе се одржат и работилниците во Скопје и во Тетово.
На Скопски филмски фестивал, кој традиционално почнува на 22 април, во рамки на дводневната програма ќе бидат презентирани видеата снимени од учениците, изложба на фотографии, а планирана е и едукативно- забавна филмска програма за деца. Планирана е и дебата на тема „Како до целосна инклузија на децата со попреченост“.
Пропратни завршни настани со слична содржина ќе следат во Струмица и Тетово.
Обуките за креативните работилници ќе ги одржат: Ване Костуранов- постер, Наташа Гелева- фотографија, Јане Алтипармаков- видео.
Ново на Сител
-

ДУИ прогласи победа на локалните, бара предвремени избори - ВРЕДИ за 2 круг ќе остават гласачите сами да одлучуваат
-

Со булдожери се чисти ѓубрето низ Скопје, Комунална хигиена се прави дека не ги гледа
-

ИЈЗ: Стабилна е епидемиолошката состојба - нема зголемен број на болни поради отпадот по улиците во Скопје
-

Проекти и ветувања на кандидатите кои влегоа во втор круг во трка за градоначалнички функции
-

Неврологот Игор Кузмановски ќе добие лиценца откако ќе помине обука со ментор и ја докаже стручноста
-

Удар врз металската индустрија од новата давачка од Унијата – „Загадувачот плаќа”
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски до Вреди: Нема да ја заборавиме жртвата која ја дадовме на овие избори, а за возврат не добивме ништо
