Почнува Богородичниот пост
Денеска започнува Богородичниот пост. Овој повеќедневен пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.
По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август). За разлика од Великиот и Петровденскиот пост, овој пост не започнува секогаш од понеделник, односно неговиот почеток може да се случи во било кој ден од седмицата.
Богородичниот, односно Успенскиот пост настапува еден месец после празнувањето на Соборот на светите апостоли Петар и Павле, а пред големите празници на Преображението Господово на гората Тавор и Успението на Божјата Мајка (познат во нашиот народ и како Голема Богородица).
Ново на Сител
-
Трета Меѓународна конференција за фриленсери
-
Вакцинални тимови од наредната недела ќе одат во домови за стари лица за имунизација против грип
-
Медицинските сестри се соочуваат со низа проблеми
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово