Медицинските сестри се соочуваат со низа проблеми
Ниските плати и несигурната вработеност, несоодветните безбедни услови за работа, ограничените можности за напредување и инстистуционалнате невидливост се само дел од клучните проблеми за се почестото мигрирање на медицинските сестри од земјава.
Иста е сликата и во Хрватска, од комората посочуваат дека со зголемување на платите и поголеми бенефиции се прават напори да се задржи овој кадар.
Акушерките потешко се одлучуваат да заминат во странство или се преквалификуваат бидејќи станува збор за многу одговорона работа.
Бројката на медицински сестри во земјава варира од 8 до 9 илјади.
Во огранизација на Здружението на медицински сестри техничари и акушерки во Охрид деновиве се одржува 21-от национален симпозиум со регионално учество под наслов Сестринството во фокусот од невидливи до неопходни партнери во здравствените реформи.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар